Проширување на опфатот на Законот за рестриктивни мерки, со што ќе се прошири и дополни законот со постапка врз основа на која санкциите наметнати од САД ќе се процесираат во законодавството на РСМ.
Со ова, оние лица кои се на црната листа во САД ќе можат да бидат санкционирани во македонското законодавство.
Ова го изјави вицепремиерката Славица Грковска.
„Договорот за стратешко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија, делумно се однесува и на борбата против корупцијата и организираниот криминал и токму затоа ја покренав оваа иницијатива за проширување на опсегот на рестриктивните мерки, на борбата против корупцијата, организираниот криминал и тероризмот, а координативното тело одлучи да вклучи хибридни акции против државата.
И да се олесни правната процедура, според правниот систем на Македонија, за оние лица кои се на црната листа, да се постапи според локалната законска регулатива“, рече Грковска.