Престижната компанија „Бехтел и Енка“ која ќе ги гради Коридорот 8 и 10д ќе го организира „Саемот за вработување“ во градот Гостивар. Веста ја соопшти првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кој сподели дополнителни информацио во врска со оваа организација.
Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земјата.
Со задоволство Ве информирам дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира „Саемот за вработување“
Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност одблиску да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници од Коридорите кај нас, во следните пет години.
16 август 2023 година во 16,00 часот
Агенција за вработување во Гостивар, Саемот ќе продолжи со презентација и во други градови.