Груби: Парламентарното мнозинство со АA има повеќе од 65 пратеници

 Првиот вицепремиер Артан Груби вечерва поканет во емисијата „Клик плус“ на Тв21 изјави дека парламентарното мнозинство веќе со Алијансата за Албанците има повеќе од 65 пратеници, според него има пратеници кои не се дел од владата, но гласаат за дневното прашање во собранието.

„Вечерва во собранието ќе бидеме 65 пратеници, да гласаме за новата влада. Но, парламентарното мнозинство ќе биде повеќе од 65 бидејќи има пратеници кои не се задоволни од работата на владата, но гласаат за секојдневни прашања и се идентификуваат како дел од мнозинството“, изјави Груби.