– Според најновите информации, најмалку 17 лица загинаа во катастрофалните поплави што минатата недела го зафатија регионот на Тесалија, во Грција.
Утврдено е дека ДНК-примероците земени од две тела пронајдени во Пили минатата недела припаѓаат на австриски пар коj е пријавен за исчезнат во поплавите, објави грчката новинска агенција АМНА.
Со тоа бројот на загинати во поплавите се искачи на 17.
Во поплавите во Тесалија поплавени се повеќе од 750.000 хектари земја, а населените места, земјоделските површини и инфраструктурата во регионот се тешко оштетени.