Грција воведува 13-часовно работно време – прва земја во ЕУ со ваков закон

Грција ќе стане првата земја во Европската Унија што официјално ќе воведе 13-часовно работно време во приватниот сектор, пренесува Политико.

Контроверзниот закон, кој се очекува лесно да биде усвоен со гласовите на владејачката Нова демократија, предвидува шестдневна работна недела и можност за подолги смени во индустријата, трговијата, земјоделството и услужните дејности.

И покрај силниот отпор на синдикатите и опозицијата, Владата тврди дека мерката е неопходна поради стареењето на населението и недостигот од квалификувана работна сила. Според новите правила, платите на работниците ќе се зголемат за 40 проценти.

Законот предизвика масовни протести во повеќе градови, при што синдикатите побараа враќање на 13-та и 14-та плата укинати за време на економската криза.