Грција гори втор ден, нови барања за евакуација; Има жртви ФОТО

Големиот пожар што избувна во Кератеа и се прошири на Анависос и околните области сè уште гори, а силните ветрови го отежнуваат неговото гаснење.

Рано утрово започна употребата на воздушни средства за гаснење на пожарот, објави „Катимерини“.

Жителите добија нови известувања за евакуација во населбите Харвало, Агиос Николаос и Мавро Литарија, бидејќи пожарот се шири кон крајбрежните области.

Заменик-градоначалникот на Саронскиот Залив потврди дека пожарот е подметнат – во населбата Агиос Николаос е пронајден боца со гас , а сведоци пријавиле сомнителни движења на лице на мотоцикл.

Се испитува и можноста пожарот да настанал од електричен столб .

Противпожарните екипи вчера спасија 124 лица, вклучувајќи 35 од домот за стари лица во Палаја Фокаја. 

За жал, пронајдено е и телото на 76-годишен маж, кој живеел сам.

Силни ветрови дуваат до 90 километри на час, што дополнително ја загрозува ситуацијата, според официјалните лица. 

Бројни населби се евакуирани , а крајбрежната стража е подготвена да помогне во евакуациите по море. 

Медицинските екипи се во состојба на готовност и ги преместуваат ранливите луѓе во побезбедни установи.

Грција и другите медитерански земји се наоѓаат во област што научниците ја нарекоа „жариште на шумски пожари“, каде што пожарите се честа појава во текот на топлите и суви лета.