Грција се подготвува да продаде 30 отсто од Меѓународниот аеродром во Атина.
Грчките власти почнаа со подготовки за продажба на 30 отсто од акциите на меѓународниот аеродром во Атина преку иницијална јавна понуда (IPO) и одделни зделки со акционерите на Авиа Алијанса и семејството Копелузос, соопшти денеска Меѓународниот аеродром во Атина (АИА). .
Се очекува листата на понудувачи да биде објавена во февруари на Атинската берза, пренесува Анса.
Грчката држава моментално поседува 55 отсто од капиталот на аеродромот, додека преостанатиот дел е поделен помеѓу приватни инвеститори, како што е германската компанија за управување со аеродроми „AviAlliance“, која моментално поседува нешто повеќе од 40 отсто, и семејството Копелузос, кое држи околу 5 проценти.
Меѓународниот аеродром во Атина прими повеќе од 28 милиони патници во 2023 година, што претставува 35 отсто од патничкиот сообраќај на сите аеродроми во земјата.
Грција почна да продава јавни акции во голем број јавни претпријатија по тешката економска и социјална криза што ја погоди земјата во 2009 година.