ГРЦИЈА ПОВТОРНО СЕ ТРЕСЕ! Земјотрес погоди познат остров

Не е издадено предупредување за цунами

Грција денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил во архипелагот Додеканези, во крајбрежната област на островот Аморгос, на длабочина од 11 километри.

Засега нема информации за повредени или евентуална материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.