Најмалку три земјотреси ја погодија Грција за помалку од два часа, пренесува EMSC.
Најсилниот земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција утрово во 6 часот и 54 минути. Регистриран е на 30 километри од Патра, на длабочина од пет километри.
Пред тоа, земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди земјата во 6 часот и 40 минути, исто така во близина на Патра, на длабочина од шест километри.
Првиот земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Грција, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 5:11 часот на 15 километри од Захаро на Пелопонез.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.