Грчката истрага за железничка несреќа што се случи во 2023 година покажа дека причината за трагедијата се безбедносни пропусти кои сè уште не се решени, соопштија денеска истражителите.
На денешен ден во 2023 година, патнички воз кој доаѓал од Атина и товарен воз кој доаѓал од Солун се судриле кај Лариса, во областа Темпи, при што загинале 57 лица, повеќето студенти, потсетува Катимерини.
Истрагата на грчката агенција за истрага на железници и воздушни несреќи (ХАРСИА) заклучи дека безбедносните пропусти се клучната причина за несреќата, а извештајот се смета за прв официјален заклучок на властите.