Да потсетиме, по средбите со челниците на УЕФА беше одлучено натпреварот да се одложи.
Фудбалската јавност остана во шок по ужасните инциденти на атинските улици, во кои животот го загуби 22-годишен навивач на АЕК .
„Бед Блу Бојс“ во голем број пристигнаа во Грција, а ноќта помеѓу понеделникот и вторникот над 100 од нив се најдоа во близина на стадионот „ОПАП Арена“ каде предизвикаа масовна тепачка, а убија несреќен млад човек со нож.
По тој повод се огласи и грчката полиција која потврди дека хрватските хулигани имале соучесници. Според информациите, Хрватите имале помош од грчки хулигани, а најверојатно се работи за навивачи на Панатинаикос, кои имаат братски односи со загрепчани.
Соопштението на грчката полиција го пренесуваме во целост.
– За инцидентите и тепачката меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб, која резултираше со смртоносна повреда на едно лице, а повредени уште осум, се појаснува следново:
– Вчера вечерта, понеделник, 07.08.2023 година, група од 100-120 навивачи на Динамо од Загреб, заедно со нивните грчки поддржувачи-соработници, беа во Перисос. Навивачите на АЕК се собраа на поширок простор, а имаше и инциденти меѓу навивачите на двата тима, кои фрлаа ракети, импровизирани запаливи средства, предмети, камења, а користеа и импровизирани палки.
– Инцидентите се случија час и половина откако гостинската екипа заврши со тренинг и го напушти теренот, како и играчите во придружба на полицијата.
– На местото на настанот излегоа силни полициски сили кои ја задушија тепачката, а брзо онеспособија и уапсија вкупно 98 лица инволвирани во инцидентите.
Прелиминарната истрага ја спроведува Управата за безбедност на Атика, додека интензивно продолжува истрагата за откривање дополнителни сторители и секој друг аспект од случајот – се вели во полициското соопштение.
Да потсетиме, по средбите со челниците на УЕФА беше одлучено натпреварот да се одложи.