Шпанскиот фудбалски голман Давид де Хеа потврди дека го напушта Манчестер Јунајтед по 12 години поминати на „Олд Трафорд“.
Во пораката објавена на социјалните мрежи, 32-годишниот голман им се заблагодари на навивачите на Манчестер Јунајтед за поддршката, но кажа дека е време да се „прифати нов предизвик“.
„Би сакал да ја изразам мојата непоколеблива благодарност и благодарност за љубовта во изминатите 12 години. Постигнавме многу откако мојот драг Сер Алекс Фергусон ме донесе во овој клуб“, напишал Давид де Хеа во објавата и додал: „Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде во моето срце, Манчестер Јунајтед ме обликуваше и никогаш нема да ме остави. Поминавме низ се“.
Давид де Хеа пристигна во Манчестер Јунајтед од Атлетико Мадрид во 2011 година и одигра вкупно 545 натпревари за тој премиерлигашки клуб.
Со Манчестер Јунајтед освои една титула во англиската лига, два трофеи во Лига купот, три Суперкупа, еден ФА Куп и уште еден трофеј во Лига Европа.