– Сакам да и’ објавам на јавноста дека сериозно работиме со верзијата што е реална, дека напаѓачот од Филозофскиот факултет е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице лес – изјави директорот на полицијата Мартин Вондрашек шокирајќи ги сите на прес-конференцијата.
– Нема позната поврзаност со жртвите, нема позната поврзаност со локацијата, а убеден сум дека тоа биле сосема случајни жртви избрани од лицето без никаква криминална историја – додаде тој.
Масовниот убиец од Прага, како што објави чешкиот портал ,,Новинки”, е 24-годишниот Давид Козак.
Како што пренесуваат медиумите, трагедијата што се случи попладнето во петокот на 15 декември во прашкиот Клановице Лес, ја потресе цела Чешка. Таму непознат сторител застрелал двомесечно девојче во количка и нејзиниот татко Мартин (32). Според неговите пријатели, убиениот бил многу популарен, неконфронтирачки и на сите им се допаѓал, па никој не можел да претпостават дека некого ќе убие.