Далај Лама се надева дека ќе живее 130 години, вели дека ќе се реинкарнира по смртта

Далај Лама изјави дека се надева дека ќе живее 130 години, неколку дена откако се обиде да ги ублажи шпекулациите за неговиот наследник велејќи дека ќе се реинкарнира по смртта.

Тибетскиот будистички духовен водач зборуваше за време на церемонијата организирана од неговите следбеници за да се молат за неговиот долг живот. Далај Лама утре полни 90 години.

Тој во декември за Ројтерс изјави дека би можел да живее до 110 години.

„Сè уште се надевам дека ќе живеам повеќе од 130 години“, им рече Далај Лама на стотиците следбеници од целиот свет кои се собраа во северниот индиски планински град Дарамшала, каде што живее откако избега од Тибет во 1959 година по неуспешното востание против кинеската власт.

Пекинг го смета Далај Лама за сепаратист и инсистира кинеските лидери да го одобрат неговиот наследник.

Далај Лама претходно изјави дека ќе се реинкарнира во „слободниот свет“, а оваа недела им рече на своите следбеници дека неговата непрофитна институција е единствениот орган што ја признава неговата реинкарнација.