Далила Драгојевиќ минатиот викенд била претепана пред ноќен клуб во Белград откако се степала со девојка, која исто така била гостинка во објектот.
Според сроски Курир, инцидентот се случил час по полноќ, а вистинската причина за конфликтот не е позната. Далила со своето друштво дошла во клубот кој вообичаено го посетува, се сместила во една од сепарињата и на почетокот cè било во ред. По два часа излегла надвор и дошло до конфликт со непозната девојка, која ја претепала на Драгојевиќ.
-Излегов пред клубот да се јавам и додека разговарав слушнав вресок во позадина. Сфатив дека галамата доаѓа од другиот дел на калаубот, каде што е патеката и влезот на клубот, па отидов да видам што се случува. Видов една девојка како физички нападна друга девојка и ја удира со раце, тупаници и ја газеше по телото. Потоа ја влечеше за коса и стана хистерична. А другата девојка беше во половина свиткана положба, целата разбушавена, пцуеше и викаше. Имаше уште неколку девојки и момчиња кои зачудено ја гледаа сцената, но никој не ги раздели додека не дојде типот од обезбедувањето – вели очевидец.
Дури кога ситуацијата се смирила, девојката која била сведок на инцидентот препознала дека учесник во тепачката е Далила.
– Не и’ го видов лицето бидејќи беше наведната. Дури кога ги раздели тој тип, видов дека Далила е претепана, и тоа жестоко, но од која причина – не знам. Кога се вратив во клубот, им кажав на моите другари за инцидентот, а тие ми кажаа дека Далила често се одела во тој клуб и дека се однесувала грубо и арогантно. Во една прилика дошла и станала хистерична, трескајќи со рацете и велејќи „Јас не го кажав ова“! Веројатно тогаш имало проблем со резервацијата, а таа очигледно има статус на почесен гостин во тој клуб – рече соговорникот додава дека има и видео од тепачката.
-Два дена после тоа, една од моите пријатели ми кажа дека гледала видео на кое се гледа како Далила ја тепаат и дека тоа го видела на телефонот на нејзината пријателка. Не го видов видеото, но ја гледав борбата во живо – заклучила таа.