Дали вашето куче често ја става шепата врз вас? Ветеринарот откри што сака да ви каже миленикот

Ветеринарот открива што ви кажува кучето кога ќе ви ја стави шепата.

Најчестиот облик на комуникација кај кучињата е лаењето, што обично го разбираме, но допирањето со шепа е нешто сосема друго, пишува Дејли Мејл .

Одговорот на ова прашање го даде ветеринарката Сара Вутен.

– Многу кучиња комуницираат со шепите, а причината е многу едноставна, ние ги научивме на тоа. Кога кучето му дава шепа на својот сопственик , сопственикот често реагира позитивно и го наградува, што го поттикнува таквото однесување –  објаснува Вутен.

Гест на задоволство

Со овој гест кучето покажува задоволство, особено ако тоа го прави додека вие го галите. Всушност, тој сака да ви каже дека му се допаѓа и да продолжите понатаму. Често ќе го прави тоа дури и ако престанете да го галите, како знак дека сака да продолжите.

куче

Исто така, ако забележат дека сопственикот е нерасположен, кучињата често сакаат да искомуницираат дека се ќе биде во ред.

– Како да сакаат да ви кажат дека разбираат низ што поминувате и дека работите ќе се подобрат. Со овој гест тие ја покажуваат својата љубов. Сепак, тие можат и со допир да сигнализираат дека не се чувствуваат добро. По говорот на телото на кучето можете да разберете дали е „среќна“ шепа или некој вид на повик за помош. Ако е второто, кучето нема да бара награда како колаче, туку удобност и чувство на сигурност – додава ветеринарката Сара Очоа.