Дали вашите перници станаа жолти? Овој трик ги отстранува сите дамки за кратко време

Исперете ги перниците со оваа едноставна смеса и тие ќе бидат бели и чисти како штотуку да сте ги купиле.

Без разлика колку е квалитетна перницата, со текот на времето се акумулираат траги од пот, плунка , мртви клетки на кожата и грини .

За да им ја вратите белината и свежината, исперете ги со смеса која прави чуда. Многу е веројатно дека веќе ги имате сите состојки дома. 

Состојки: 

  • 1 чаша детергент за садови
  • 1 чаша прашок за перење
  • 1 чаша белило
  • 1/2 чаша боракс

Проверете ја етикетата за перење на перницата за да ја поставите температурата на машината. Смесата што ја направивте истурете ја во машината и вклучете ја. Поставете ќебе до перницата така што барабанот на машината да биде рамномерно натоварен. Изберете подолга програма за миење. По првото плакнење, повторно пуштете го плакнењето за да бидете сигурни дека се отстранети сите хемиски остатоци.

Ако не сакате да ги миете перничињата, можете само да ги отстраните дамките. Дамките од плунка и жолтите дамки кои се појавуваат со текот на времето може да се отстранат ако ги попрскате со алкохолен оцет и по 15 минути истријте ги со чист сунѓер натопен во вода со сапуница. Дамките може да се отстранат од перниците со мемори пена само со благ раствор од сапуница.