Претседателот на Русија, Владимир Путин, е толку параноичен што вооружи нуркачи ги пребаруваат неговите приватни плажи за потенцијални убијци. Освен тоа, тој намерно им дава лажни информации на сопствените телохранители, тврди поранешен член на обезбедувањето на рускиот претседател по име Виталиј Брижати.
„Еве колку се плаши за својот живот“, рекол Виталиј Брижати во неодамнешното интервју за независната руска телевизиска станица Rain, објави весникот The Telegraph.
Виталиј Брижати – кој работел за Федералната служба за заштита, но побегнал од Русија во Еквадор откако Кремљ ја нападна Украина – исто така рекол дека Владимир Путин е толку загрижен поради тоа што ќе биде убиен што еден од неговите телохранители работи како оператор на машина за перење во палатите на Крим, анектирани од Русија.
Поранешниот безбедносен функционер рекол дека бил шетач на кучиња за ФСО и бил стациониран во еден од тајните имоти на Владимир Путин на Крим.
Виталиј Брижати, кој палатата ја нарекол како – „место за фантазија“ и „мини-град“, рекол дека Владимир Путин не им верува целосно на своите телохранители и често ги лажел за тоа како ќе стигне до Крим и каде ќе остане.
„На луѓето им беше кажано дека одмара во викендицата и дека сите треба да трчаат наоколу и да се грижат за него, но тој може да биде на сосема друго место“, тврди Виталиј Брижати.