Дали ‘големиот’ Анчелоти има рецепт да го ‘скроти’ Халанд !? На Реал Мадрид му недостасува клучен играч, а решението може да биде во играта ‘кафез’

Веднаш во првата сезона во Премиершип, тој потврди дека ќе биде новиот (голгетерски) феномен на светскиот фудбал. Со Ерлинг ХаландПеп Гвардиола доби убиствен центарфор кој ќе ги реши сите проблеми на играта кога не поминува се според планот.

Во Манчестер Сити, Норвежанецот брзо се адаптираше и се претвори во одлучувачки играч. Откако Пеп Гвардиола стана тренер на Манчестер Сити, ниту еден играч нема постигнато повеќе од 33 гола во една сезона. Агуеро беше последниот што го направи тоа пред шест години. Ерлинг Халанд веќе стигна до 51 гол на седум (можеби и осум ако стигнат до финалето) натпревари пред крајот на сезоната. Тој веќе има три пати повеќе од најдобриот стрелец во 2021 година, Гундоган (17) и повеќе од двојно повеќе од минатогодишниот најдобар стрелец Махрез (24). Ерлинг Халанд е со Де Бруин фантастичен тандем, бидејќи заедно имаа 60 гола (51+9) и 35 асистенции (8+27). Со оглед на тоа дека во споредба со ланското полуфинале, кога Реал Мадрид во продолженија го совлада Манчестер Сити во драматично враќање (до 90. минута Англичаните имаа и 2 гола предност), сега Пеп Гвардиола е помоќен со Ерлинг Халанд, а јасно е дека Карло Анчелоти мора да смисли како да запре толку ефикасен напаѓач.

Голем проблем за италијанскиот стручњак во овој контекст е отсуството на Едер Милитао, кој има жолти картони. Едер Милитао е брз и одлично скока и како таков е достоен чувар за Норвежанецот. Рудигер и Алаба ја немаат таа моќ, па се чини поубедливо дека Карло Анчелоти ќе се обиде да ја минимизира моќта на Норвежанецот со колективна одбрана.

На дијагонални топки, каде што Халанд знае да избегнува одбранбени играчи, полесно е да се реагира на висококвалитетната одбрана на Реал Мадрид со позиционирање. Многу поголем проблем ќе биде скок играта и одбраната внатре во шеснаесетникот, бидејќи таму Халанд е исклучително вешт. Една од клучните поставки во играта на Манчестер Сити, откако дојде Норвежанецот, е играта преку страните. Таму, се поставени Бернардо Силва и Гралиш, двајца експерти кои имаат игра еден на еден и извонреден центаршут. Блокирањето на нивниот пробив и додавањето на топката до Халанд е половина работа, бидејќи Гвардиола преку тактичката опција на средниот ред бара игра меѓу редови и финален пас за центарфор.

Затоа на Реал Мадирд ќе му треба многу активен дефанзивен играч за врска, кој ќе биде ефикасен во блокот во овој поглед и ќе ја надополни огромната работа на двајцата стопери, Рудигер и Алаба. Бидејќи Чоамени не функционира толку добро, изборот на Камавинга изгледа пологичен. Тој е поагресивен и побрз, трча многу моќно, па освен што го следи левото крило, може да биде и втор пивот во блокот.

Поради тоа голема е веројатноста Халанд да нема специјален чувар, но Карло Анчелоти преку играта и „кафезот“ од неколку играчи ќе се обиде да го запре Норвежанецот.

Лига на шампиониМанчестер СитиРеал Мадридфудбал