Моника Белучи е позната по својот женствен стил.
Манекенката Дева Касел, ќерката на актерката Моника Белучи и актерот Винсент Касел, е фотографирана во Рим додека пазарела со пријателка.
Девојките уживаа гледајќи низ гардеробата, а првото нешто што можеме да го забележиме е дека убавата Дева е целосно опуштена кога е во прашање секојдневниот стил на облекување.
Младата манекенка носеше кратки, широки тексас панталони, широка бела маичка, патики во не така завидна состојба, со кои носеше бели спортски чорапи и капа на главата.