Бизарен и неверојатен детал се случи на четвртиот натпревар помеѓу Партизан и Реал Мадрид. Тој детал им избега на сите.
Црно-белите беа поразени во уште еден драматичен натпревар , па ќе мора да бараат пласман на фајналфорот во Мадрид, каде во среда ќе се одигра мајсторскиот меч.
Партизан лошо го започна натпреварот и имаше двоцифрена негатива на крајот од првата четвртина, но успеа да се врати во вториот дел и да го доведе натпреварот во израмнето.
Последните поени во втората четвртина ги постигна Серхио Љуљ од линијата за слободни фрлања, а потоа се случи нешто навистина неверојатно.
Партизан го одигра последниот напад за кој имаше само 2,2 секунди со шест играчи.
Никој од кошаркарите, тренерите или судиите не забележа што се случува, па црно-белите останаа неказнето.
Данило Анѓушиќ погоди тројка од голема далечина, но таа беше откажана откако судиите забележаа дека времето истече, што го потврдија гледајќи го видеото.
Ден по натпреварот, социјалните мрежи беа преплавени со видео на кое се гледа дека Џем Мадар извел аут под црно-белиот кош, дека му ја додал топката на Андушиќ и дека на паркетот беа и Јанис Папапетроу, Данте Ексум, Матијас Лесор , Џејмс и Нанели.