Дали е ова најтешката работа на светот? Тие носат 15 килограми цигли на глава за бедна “сатница”

Не само што носат преголем товар што им го загрозува здравјето, туку работат и во тешки услови – на жешко сонце и во силна прашина, работат од 12 до 14 часа дневно, шест дена во неделата без никаква заштитна облека.

Британската фотографка Џој Саха направи неверојатни фотографии со дрон во Дака, Бангладеш на таканаречените полиња од тули. Работниците носат тешки товари на главите – до 1.500 тули дневно – за мизерна плата.

Иако постојат модерни машини за изработка на цигли, во Бангладеш најмногу се работи рачно, односно со истата техника што ја користеле нашите предци пред околу 150 години. Земјата се меша со вода, се обликува во тули и се остава да се исуши на сонце пред да се стави во печката.

Печките за печење тули испуштаат отровни испарувања – јаглерод диоксид, азотен оксид и сулфур оксид, кои се многу штетни за очите, белите дробови и грлото на луѓето и оставаат негативни последици за животната средина. Според некои статистики, речиси 60 отсто од загадениот воздух во Дака потекнува токму од оваа индустрија.

И покрај тоа,  околу 400.000 мигранти од сите генерации и од различни делови на земјата секоја година доаѓаат во Дака за да работат на полињата со тули и да заработат за живот.

Не само што носат преголем товар што им го загрозува здравјето,  туку работат и во тешки услови – на жешко сонце и во силна прашина, работат од 12 до 14 часа дневно, шест дена во неделата без никаква заштитна облека.

Работата е напорна и монотона. Повредите на работа се чести, но не постои законска регулатива која ги штити работниците во вакви случаи. Згора на тоа, платите се екстремно ниски – приближно 350 бангладешки така дневно или околу 3 евра.