Дали Западот може да си дозволи уште една војна? “Прилично сигурен”

Прерано е да се размислува за економските последици од израелско-палестинскиот конфликт, бидејќи тие зависат од тоа дали конфликтот ќе се прошири во регионот.

Ова го изјави американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Таа изјави за Sky News дека продолжувањето на конфликтот надвор од Израел и Газа е „секако исход што сакаме да го избегнеме“, пренесува Ројтерс.

На прашањето дали САД и Западот можат да си дозволат нова војна, Џенет Јелен одговори „Апсолутно сигурно“.

Според неа, Америка секако може да си дозволи да застане покрај Израел и да ги поддржува воените потреби на оваа земја, а исто така „може и мора“ да ја поддржи Украина во борбата против Русија.