Дали знаевте дека можете природно да ја осветлите косата?

Многу жени сакаат да имаат руса коса. Но, процесот на постигнување руса коса може да биде многу штетен за вашата коса. Белилото и бојата го уништуваат квалитетот на косата и ја оставаат тенка и сува. Затоа, подобро е да ги избегнувате што е можно повеќе.

Но, бидејќи летото пристигна, косата сама по себе ќе се осветли бидејќи сонцето ја прави нашата коса посветла. Освен сонцето и морето, односно морската сол, кои сами по себе ја прават вашата коса посветла, лимонот може да биде одличен сојузник за осветлување на косата.

Имено, сè што треба да направите е да исечете лимон на половина и да го втриете во косата, односно на деловите од косата кои сакате да ги осветлите. После тоа, се што треба да направите е да легнете на сонце и да го оставите лимонот да ја направи својата магија. После тоа, косата треба да се измие и да се нахрани со маска или регенератор за да не биде сува.

Не очекувајте вашата коса да биде посветла во една сесија. Мора да бидете уморни и да го повторите процесот барем неколку пати, но со помош на лимон ќе добиете прекрасни beachy прамени.