Дали знаете кое цвеќе се подарува на Денот на вљубените? Има јасна симболика и сигурно нема да погрешите (фото)

Веројатно повеќето од вас се убедени дека без промашување знаете каква боја цвеќиња се подаруваат за Денот на вљубените. Да, веројатно мислите дека секогаш е соодветно да се подаруваат црвени цвеќиња, особено рози.

Во основа, не можете да погрешите. Црвената роза е секогаш соодветен подарок кога сакате некому да му покажете дека го сакате, но поприфатлива е како подарок на партнерот со кој сте во емотивна врска отколку на некој со кој се додворувате.

Имено, црвените рози се погодни како романтичен подарок на саканата личност, бидејќи ја поврзуваат симболиката на црвената боја и розата, која сама по себе е симбол на наклонетост, внимание и длабоки љубовни чувства.

Но, ако сте само заљубени во некого или имате симпатии кон него, а сè уште му се додворувате, познавачите на цвеќиња велат дека на тој човек е далеку посоодветно да му подарите роза во понежна боја, на пример – розова.

Мажите ги паметат овие 4 работи за жените до крајот на животот

Покрај розите, кои се главниот симбол на Денот на вљубените, постојат уште неколку видови на цвеќиња кои се прикладни да се подарат за овој празник, како поради нивната симболика, така и поради пораката што ја испраќате на вашата сакана.

Ако не сакате рози во вашиот букет, како и повеќето, можете да се одлучите и за каранфили. Црвените каранфили ја симболизираат длабоката љубов со восхит, додека белите претставуваат искрена љубов и среќа.

Нема да погрешите ако на вашата сакана и’ подарите орхидеи на овој празник, кои симболизираат ретка и нежна убавина. Розовите орхидеи испраќаат порака за љубов, нежност, шарм и чувствителност.

Уште еден цвет кој е добар избор за подарување на овој ден е лале. Слично на црвените рози, црвените лалиња се исто така поврзани со љубовта. Овие елегантни и убави цвеќиња симболизираат вечна, вистинска и совршена љубов. Букет црвени лалиња изразува љубов и меѓусебна доверба.

Денот на Свети Валентин е поврзан со легендата за бракот на една млада христијанка со римски војник, кој исто така станал христијанин од љубов кон неа. За време на подготовките за бракот и двајцата смртно се разболеле, а светителот го благословил нивниот брак додека умирале во прегратки на брачната постела.