Агенцијата Еуростат објави податоци за најголемите извозници на чоколадо во Европската унија, а на врвот се најдоа три земји.
Според податоците на европската агенција, трите најголеми извозници на чоколадо во 2022 година биле Германија, Холандија и Полска.
Минатата година од Германија во други земји се извезени 680.000 тони чоколада, што претставува 28 отсто од вкупниот извоз на ЕУ.
Во текот на 2022 година, Холандија извезла 322.000 тони чоколадо, што е 13 отсто од вкупниот извоз на ЕУ. На трето место се најде Полска која извезла 295.000 тони најслаткиот и омилен производ на многумина.
Очекувано од земјите на Европската унија кои исто така се на врвот се Белгија која особено се истакнува во извозот на бело чоколадо и Италија.
Северноевропските земји Финска и Шведска, како и балтичките земји се меѓу оние кои најмалку се истакнуваат во извозот на чоколадо.
Естонија и Словачка се меѓу земјите на Европската унија каде е забележан најмал извоз на чоколадо во 2022 година.