Иако многу луѓе ја сметаат бањата за највалкано место во домот, експертите сепак тврдат дека постои едно парче мебел кое може да биде многу повалкано.
Според ново истражување спроведено во Велика Британија, софите акумулираат огромна количина бактерии, габи и мувла што може да претставува ризик по здравјето, особено ако имате домашни миленици што живеат во вашиот дом, пишува Дејли Меил.
Иако софата се користи секојдневно за одмор, дружење и дремка, малкумина размислуваат за нејзино чистење на ист начин како што го прават тоа со постелнината.
Имено, преку истражување, научниците анализирале шест софи од различни домаќинства во Велика Британија и откриле дека во просек тие содржат повеќе од 500 илјади бактерии на површина од 100 сантиметри. За споредба, тоалетната школка имала само околу 6.800 бактерии на истата површина. Најзастапени беа аеробните мезофилни бактерии, кои претежно се наоѓаат во остатоци од храна и мртви клетки на кожата.
Освен каучите, експертите тестирале и голем број други предмети во домаќинството што луѓето често ги допираат. Имено, бирото имало околу 5.900 бактерии, компјутерот 5.800. Сепак, ниту еден од овие предмети не се приближи до нивото на контаминација пронајдено на просечната софа.
Дополнително, истражувањата покажаа изненадувачки резултати за сопствениците на домашни миленици. Имено, највисока концентрација на бактерии е пронајдена на каучот во куќата со две мачки, 2,7 милиони бактериски колонии на споменатата површина. Станува збор за бактерија која нормално се наоѓа во човечките црева и се пренесува преку фецес, а може да предизвика сериозни здравствени проблеми доколку влезе во телото. Најчистиот кауч во студијата му припаѓал на брачен пар со мало дете. Освен бактерии, на каучите биле пронајдени габи и мувла.
Експертите предупредуваат дека многу луѓе често го занемаруваат редовното чистење на софата, поради што се препорачува површината да се брише секојдневно за да се спречи насобирање на нечистотија. За подлабоко чистење, се препорачува употреба на сода бикарбона.