Дали знаете што мажите прво забележуваат кај жените?

Истражувањата покажуваат дека мажите, 74% од нив, најпрво забележуваат една карактеристика на жената, детаљ кој привлекува внимание повеќе од нејзината облека, нозе или шминка, но и нејзиното деколте.

Една физичка карактеристика мажите ја забележуваат прво кај жената според истражувањето на Pantene од 2011 година, кое покажува што момците прво гледаат, но и што посакуваат кај една девојка.

Што е првото нешто што мажите го забележуваат кај вас?

Станува збор за свилена, здрава коса, каде што 74 отсто од мажите изјавиле дека ги забележуваат жените поради нивната коса, 44 отсто рекле дека косата е првото нешто што го забележуваат кај жената, повеќе од нејзината облека (26 отсто), нозете (25 отсто) или шминка (4 проценти), а повеќето анкетирани мажи повеќе би сакале да и пријдат на жена во кафеана со сјајна коса отколку на дама со деколте.

82 отсто од нив изјавиле дека сјајната коса е клучен елемент за целокупната привлечност на жената, а 60 отсто од анкетираните истакнале дека повеќе би сакале да излегуваат со жена со сјајна коса отколку со дама со големи гради, додека 78 отсто од нив сметаат дека здрава косата возбудлива, пренесува YourTango.

Дали мажите толку многу се грижат за својата коса?

– Секој може да носи деколтирана блуза, но не секој може да има одлична коса – вели експертот Стив Ворд.

Косата здрава и негувана веднаш му сигнализира на мажот дека сте одговорни, елегантни, внимателни и горди на својот изглед, а сето тоа се карактеристики кои мажите ги бараат кај жените, објаснува Стив.