Дали често патите и го одложувате одењето во тоалет поради некои други обврски !? Во продолжение дознајте како тоа може да влијае на вашето здравје.
Повеќето од нас се запознаени со ситуацијата кога во близина нема тоалет и мора да се воздржуваме некое време. Ако чекате пет минути, тоа нема да го загрози вашето здравје, но ако тоа се случува често, тогаш важно е да знаете како тоа влијае на вас. Постојат неколку причини зошто треба да ја промените оваа навика:
Може да ги оштети вашите бубрези!
Долгото одложување на мокрењето може да ве направи поподложни на инфекции, особено ако имате проблеми со бубрезите. Во тешки случаи, може дури и да предизвика урината да се врати во бубрезите, предизвикувајќи сериозни оштетувања.
Може да ги ослаби мускулите на мочниот меур!
Долготрајното одложување врши притисок врз мускулите на мочниот меур и карличниот под. Со текот на времето, ова може да доведе до инконтиненција, односно неволно течење на урината од мочниот меур и да предизвика тешкотии при празнење на мочниот меур.
Може да предизвика инфекции на уринарниот тракт!
Празнењето на мочниот меур им помага на бактериите кои се природно присутни во уринарниот тракт да го напуштат вашето тело. Меѓутоа, кога ја држите урината, бактериите почнуваат да се акумулираат и се размножуваат, што може да доведе до инфекции на долг рок.
Може да предизвика дистензија на мочниот меур!
Нормално, кога вашиот мочен меур е полн, тој се протега и потоа се враќа во првобитната форма. Редовното воздржување од мокрење на крајот може да го промени обликот на мочниот меур, спречувајќи го да се врати во нормала.