Израел го менува текстот на контроверзната песна со која ќе биде претставен на овогодинешната Евровизија.
Според израелската радиодифузна корпорација, Израел ќе го промени текстот на песната за да отстрани се што би можело да се сфати како политички елемент.
Да потсетиме, Израелците неодамна нагласија дека промена на текстот на песната Октомври дожд не доаѓа предвид, а тоа нема да се случи ниту по цена да се повлечат од натпреварувањето.
Многумина бараа забрана за учество на Израел на Евровизија, но тоа не се случи
Инаку, израелската песна која ќе биде претставена на Евровизија наречена Октомвриски дожд содржи политичка порака, па затоа Европската радиодифузна унија размислувала дали да ја цензурира песната.
Медиумите јавуваат дека песната алудира на нападите на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, кога беа убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили, а повеќе од 250 заложници беа одведени во Појасот Газа.
Повеќе од 29.000 луѓе, главно жени и деца, загинаа во израелските напади врз Газа како одмазда.