Астронаутот Кетрин Бенел-Пег (39) верува дека живот постои не само на Земјата, туку и во космосот.
Астронаутот Кетрин Бенел-Пег го посвети својот живот и кариера на истражување на вселената , а моментално е директор за вселенска технологија на Австралиската вселенска станица. Со текот на годините, таа дошла до голем број интересни заклучоци.
Вонземјаните дефинитивно постојат
– Дефинитивно има вонземјани таму некаде. Мислам дека не се движат меѓу нас, дури и ако понекогаш така изгледа – изјавила Кетрин.
– Со оглед на размерите на универзумот, мислиме дека во него има некаде помеѓу 100-200 секстилиони ѕвезди. Тоа е слично на бројот на зрна песок на сите плажи на земјата. Сите состојки за животот, молекулите и елементите што ни се потребни, се најзастапени во универзумот – додала Кетрин, а пренесува News.com.au.
Дали ќе можеме да комуницираме?
– Само што почнавме да гледаме егзопланети со помош на вселенски телескопи. И само во последните шест години, најдовме речиси 6.000 егзопланети, т.е. планети кои орбитираат околу други ѕвезди (надвор од Сончевиот систем). Многу од нив се наоѓаат во зона која би можела да биде погодна за живеење. Едноставно верувам дека секоја можност да постои живот е таму. Интересното, сепак, е тоа што и да има, дали некогаш ќе можеме да комуницираме со нив? Кој знае – рече Кетрин.