ДАЛИ И ВИЕ ГО ПРАВЕТЕ ОВА !? “Не ги мијам рацете откако ќе одам во тоалет!“ – млада девојка ја откри својата ‘темна тајна’ и предизвика епска дебата (видео)

Една млада девојка предизвика жестока дебата на социјалните мрежи со тоа што призна дека никогаш не ги мие рацете откако ќе ги изврши своите физиолошки потреби. Софија од САД објави видео на социјалната мрежа ТикТок во кое ја објаснува својата навика.

Ќе ви го откријам ова бидејќи се чувствувам навистина чудно што го правам ова и не знам дали го прават и другите. Не ги мијам рацете секогаш откако ќе уринам, особено ако сум дома“, им признала Софија на своите следбеници.

Но, тоа не е се. Таа открива и: „Истото го правам и кога имам гости. Одам да мочам, ја пуштам чешмата и се преправам дека ги мијам рацете, оставам да помине малку време да мислат дека сум ги измила, но всушност не го правам тоа“, кажала таа во видеото кое предизвика дебата на социјалната мрежа ТикТок.

Таа вели дека всушност поминува низ процесот на губење вода и време.

Ова го правам и баш не ми е гајле. Како и да е, дали некој друг го прави ова ?“, ги прашала таа своите следбеници во видеото.

Видеото предизвика многу дискусии во коментарите, бидејќи некои открија и дека тотално може да се поврзат и пронајдат со нејзината исповед.

Јас сум истиот!“, „Ха, ха, сите го правиме тоа тајно“, „Исто, исто“, беа само дел од коментарите оставени под видеото од нејзините следбеници.

Сепак, некои ја осудија поради нехигиената.

Зошто се преправате дека ги миете рацете ако всушност не го правите тоа – не разбирам“, гласи еден коментар додека друг вели: „Не, девојче! Измиј ги рацете!

здравјехигиена