Американската ријалити ѕвезда Кајли Џенер привлече внимание со фустанот што го носеше на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција. Многумина се прашуваат дали бил соодветен за пригодата.
Со оглед на тоа што постои добро воспоставено правило дека свадбените гости не носат облека во бои слични на белата, нејзиниот светло син фустан предизвика бројни коментари.
„Очајно се обидува да ја засени невестата“, „Ова е навистина непромислен потег“, „Фустанот дефинитивно не е соодветен за оваа пригода“, се некои од реакциите на социјалните мрежи.
Турската дизајнерка Дилара Финдикоглу, која претходно соработувала со Кајли, е одговорна за оваа креација. Таа го надополни изгледот со фризура и очила за сонце.
На прославата присуствуваа бројни други познати имиња, меѓу кои Крис Џенер, Кендал Џенер, Клое Кардашијан, Ким Кардашијан, Леонардо Дикаприо, Опра Винфри, Ева Лонгорија, Орландо Блум и други.
Американските медиуми објавија дека Џеф Безос и Лорен Санчез всушност се венчале порано во САД, а организирале и повеќедневна прослава во Италија. Веднаш по венчавката, Лорен го додала презимето Безос на социјалните мрежи и објавила фотографии на кои позира во венчаница.