Поради тоа што дури и првите вести за вирусот Ковид-19 од Кина беа нејасни и мистериозни и никој не можеше да претпостави дека ќе дојде до голбална пандемија, веста дека вирус што ги напаѓа белите дробови на децата се појавил во Кина и што натера голем број да бидат хоспитализиран пукна како бомба.
Во исто време, мистериозна респираторна болест ги убива кучињата во САД.
Заболените деца во Кина имаат невообичаени симптоми кои вклучуваат пневмонија и висока температура, но немаат кашлица или други симптоми кои обично се поврзуваат со болеста, грип и други респираторни заболувања, објавија светските медиуми.
Сега сите се прашуваат дали Кина прикрива нова епидемија, бидејќи истата земја беше жестоко критикувана за прикривањето на епидемијата на птичји грип (САРС) во 2002 година и пандемијата на Ковид-19 на крајот на 2019 година.
СЗО побара објаснување од официјален Пекинг за овие нови случаи на ширење на инфекцијата кај децата, а наводно им било кажано дека причината за болеста може да биде поврзана со „микоплазма пневмонија“, позната и како „пневмонија при одење“. Наведено е и дека Кина влегла во првата зима без ограничувања за вирусот Ковид-19, поради што го објаснуваат толку наглото зголемување на заразените.
Исто така, САД и Велика Британија, забележаа скокови на болести како што се респираторни вирусни инфекции и грип по укинувањето на правилата за пандемијата. Сепак, Светската здравствена организација побара од Кина повеќе информации, бидејќи она што им го кажаа, како што велат, не може да биде се.
Во северна Кина, забележано е зголемување на случаите со симптоми слични на грип од октомври во споредба со истиот период во изминатите три години.
Во исто време, стотици кучиња во пет американски сојузни држави, Колорадо, Род Ајленд, Орегон, Њу Хемпшир и Масачусетс се заразиле со непозната респираторна болест која експертите се обидуваат да ја разберат.
Многу малку се знае за болеста, но ветеринарите велат дека таа обично започнува со кашлица која може да трае со недели, а потоа преминува во пневмонија и тежок респираторен дистрес синдром.
Се чини дека болеста не реагира на антибиотици, а во акутни случаи на пневмонија, смртните случаи се случуваат за само 24 до 36 часа, според Ветеринарното медицинско здружение на Орегон, кое добило повеќе од 200 извештаи за потенцијални случаи.
„Не знаеме што го предизвикува тоа и не можеме со сигурност да кажеме како се пренесува“, изјавил за The Washington Post, Линдзи Ганзер, ветеринар и сопственичка на ветеринарниот центар во Колорадо.
Не треба да заборавиме дека експертите веќе подолго време предупредуваат за зоонози. Станува збор за заразни болести предизвикани од бактерии, вируси, габи и паразити, кои се пренесуваат од животните на луѓето.
Тие можат да се пренесат со директен физички контакт, преку воздух, вода или преку посредник како што е инсектот.
Одредени болести кои се пренесуваат од животните на луѓето би можеле да убијат 12 пати повеќе луѓе во 2050 година отколку во 2020 година, според научниците.