Дали конечно е решена судбината на убиецот на Жељко Ражнатовиќ Аркан !? Интерпол даде зелено светло – Добросав Гавриќ по 12 години пристигнува во Србија !?

Добросав Гавриќ, убиецот на Жељко Ражнатовиќ Аркан и двајца негови пријатели, кој веќе 12 години е во притвор во Кејп Таун, наскоро би можел да биде зад решетки во Србија, бидејќи судот овој месец му даде зелено светло на Интерпол да го транспортира кај нашиот сосед.

Како што пренесува јужноафриканскиот веб-портал Netwerk24, неговата одбрана најавила дека повторно ќе поднесат жалба на ваквата одлука бидејќи Добросав Гавриќ не сака да биде екстрадиран во својата земја. Бранителот на Добросав Гавриќ во Србија, адвокатот Вељко Делибашиќ за српски Курир кусо изјавил дека не бил информиран за оваа одлука.

Добросав Гавриќ

Добросав Гавриќ е осуден на 35 години затвор во Србија затоа што на 15. јануари 2000 година во хотелот „Интерконтинентал“ ги застрелал Жељко Ражнатовиќ, Миленко Мандиќ, и Драган Гариќ додека седеле во кафулето на хотелот. 

Добросав Гавриќ се бранеше од слобода на судењето за тројното убиство во „Интерконтинентал“. Излезе во бегство во 2006 година, во пресрет на првата пресуда. Ништо не се знаеше за него, како и за Мирослав Ѓуричиќ Мики, кој исто така исчезна во тоа време, до 2011 година, кога беше уапсен во Јужноафриканската Република. Тогаш се утврди дека со лажното име Саша Ковачевиќ дошол во таа земја во 2007 година преку Италија и Еквадор.

Наводно, тој живеел со сопругата и децата во луксузен стан на морскиот брег во Кејп Таун. Според истите извори за соседниот весник, тој и неговата сопруга имале ресторан во Јоханесбург и компанија за увоз и извоз. Вистинскиот идентитет на Добросав Гавриќ, како што претходно објавија медиумите, беше откриен кога тој бил ранет во пукотница во која бил убиен еден од водачите на подземјето ЈАР, Сирил Бика. Српскиот бегалец во тој момент бил зад воланот на автомобилот и во престрелката бил тешко повреден, но бил приведен кога било утврдено дека станува збор за човекот по кој е распишана потерница од Интерпол.

За време на постапката по барањето на Србија за негова екстрадиција, тој побарал да му се даде статус на бегалец, побарал азил и се спротивставил на неговата екстрадиција во Србија, тврдејќи дека е осуден во „политички монтиран судски процес“ и дека се плаши за својот живот поради т.н. одмаздниците на Аркан, ако биде испратен во Србија.

На судењето за убиството во „Интерконтинентал“ негираше вмешаност во злосторството. На судењето сведочеше и вдовицата на Аркан, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, која на едно рочиште во судницата му се обрати на него со зборовите: „Седна со главата надолу, свртен кон излезот, убаво те видов преку рамото на Жељко! Апсолутно сум сигурна! Предавник, знаеш ли кого предаде, кого уби ? Смрдеш, ѓубре!“. 

На излегување од судницата вдовицата го плукнала Добросав Гавриќ. По судската постапка, освен Добросав Гавриќ, на по 30 години затвор се осудени и Милан Ѓуричиќ Мики и Драган Николиќ Гаги.

БелградДобросав ГавриќЖељко Ражнатовиќ АркансмртСрбијаубиство