Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (37 г.) беше видно депресивен по болниот пораз на Хрватска во финалето на Лигата на нации.
Да потсетиме, Хрватска во финалето загуби од Шпанија по изведување пенали и со тоа пропушти голема можност да го освои репрезентативниот трофеј.
Лука Модриќ по натпреварот не сакаше да одговори на прашањето кое најмногу ги мачи хрватските навивачи – дали сепак ќе игра за репрезентацијата.
„Донесов одлука дали ќе продолжам да играм за Хрватска, но сега нема да зборувам за тоа“, изјавил потресениот Лука Модриќ по поразот.
На инсистирање на новинарот да открие повеќе, Лука Модриќ решително повторил: „Не сакам да зборувам за тоа сега“.
Медиумите на големо шпекулираат дека натпреварот против Шпанија бил збогување за Лука Модриќ со репрезентативниот дрес.
Лука Модриќ за репрезентацијата одигра 166 натпревари, но немаше среќа да освои репрезентативен трофеј. Хрватска во 2018 година беше вицешампион на светот на Светското првенство во Русија, го освои бронзениот медал во Катар и сега го освои второто место во Лигата на нации.