Бритни Спирс беше фотографирана како вози во близина на нејзиниот дом во Лос Анџелес, по тврдењата дека нејзиното семејство и пријателите се обиделе да направат интервенција поради нејзиното проблематично однесување и стравувањата дека може да умре.
Последните папарацо фотографии на 41-годишната пејачка ги загрижија сите, ја покажаа со тажен израз на лицето и несредена коса, додека таа ги криеше очите зад очилата за сонце.
По тврдењата за семејна интервенција, самата Бритни се огласи на својот Инстаграм профил и ги демантираше, притоа откривајќи дека го земала лекот Прозак за депресија.
“Не умрев луѓе. Јас сум тука. Жива сум. Жива сум и здрава”, вели таа во видеото во кое танцува.
Сепак, извори блиски до неа ексклузивно за Дејли Меил изјавија дека таа предизвикува сериозна загриженост.
„Сите се загрижени за неа бидејќи е многу депресивна“, рекол извор близок на пејачката, додавајќи дека поранешната ѕвезда се претворила во интроверт и дека нејзината депресија делумно има врска од нејзиниот однос со нејзините синови, 17-годишниот Шон Престон и 16-годишниот Џејден Џејмс, кој ги има добиено со нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн. Тој пак, одбива да ја види.
Не е тешко да се заклучи дека нејзината состојба е лоша, кога ќе ги погледнете социјалните мрежи и нејзиното однесување во последно време. Нејзините обожаватели се загрижени и за нејзиното здравје и живот, а пејачката долго време се бори со опијати и ментално здравје откако водела долга судска битка со нејзиниот татко.