Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денес изјави дека ситуацијата околу последната ескалација на конфликтот меѓу Србија и Косово е алармантна и дека – „се чини дека се подготвува голема експлозија во центарот на Европа“.
„Во центарот на Европа се подготвува голема експлозија, токму на местото каде што во 1999 година НАТО изврши агресија врз Југославија, кршејќи ги сите замисливи принципи од Хелсиншкиот завршниот акт од документите на ОБСЕ, со што уште еднаш се нагласува дека она што се случува денес во светот е од геополитичка природа и дека е потребно геополитичко решение“, изјавил Сергеј Лавров, а пренесува РИА Новости.