Недостатокот на витамин Д е поврзан со разни здравствени проблеми, додека новото истражување објавено во списанието „British Society for Rheumatology“ открива дека ниското ниво на витамин Д во организмот може да предизвика развој на хронична болка, која по одредено време почнува да се шири низ телото.
Витаминот Д во телото се формира при изложување на сонце. Многу малку намирници се природни извори на витамин Д. Тоа се масни риби, печурки, белки од јајца и црн дроб. Витаминот Д е додаден во млекото и млечните производи во последниве години.
Во истражувањето на научници од Велика Британија учествувале повеќе од 2.300 мажи. Научниците ги следеле нивните навики за здравје и начин на живот во период од четири години. На почетокот на студијата, 1 од 15 мажи почувствувале хронична болка во различни делови од телото.
Овие мажи обично се дебели, физички неактивни и страдале од депресија.
Кога истражувачите ги мереле нивоата на витамин Д во телата на учесниците, откриле дека недостатокот на витамин Д во телото го зголемува ризикот од развој на хронична болка за дури 50 проценти.
„Болките во мускулното ткиво и коските се знаци за сериозен недостиг на витамин Д во организмот“, вели водачот на студијата, проф. Пол Мекејб.
Истражувачите забележуваат дека откриле дека недостатокот на витамин Д е поврзан со развојот на хронична болка, но ја нагласуваат потребата од континуирано истражување за да се утврди дали зголемувањето на внесот на витамин Д ќе спречи појава на хронична болка.
Посочуваат и дека луѓето кои патат од недостаток на витамин Д во организмот, во принцип, не водат соодветна грижа за своето тело. Помалку се физички активни и помалку се грижат за исхраната, што само по себе може да предизвика хронични болки во телото.
Резултатите од оваа студија се прелиминарни и треба да бидат оценети од надворешни експерти.