Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави дека Украина го освоила селото Клешеевка кај Бахмут, пренесува медиумската агенција Reuters, а ова го потврди и командантот на Армијата, Александар Сирски.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат украински војници кои наводно во неделата го развиориле знамето на државата и единицата во селото кое го освоиле. Клешеевка е важна поради нејзината локација бидејќи лежи на висорамнина што овозможува контрола на Бахмут.„Клешеевка беше исчистена од Руси и ослободена од силите на 80-та одделна воздушна јуришна бригада и 5-та посебна јуришна бригада, односно Обединетата јуришна бригада на Националната полиција на Украина“, напиша тој во објава на социјалните мрежи.
Бахмут се наоѓа во низините, а ова село е важно и поради контролата на железницата и патиштата, кои се клучни за снабдување на руските војници на тој дел од фронтот. Групата Вагнер го окупираше ова село на крајот на декември 2022 година, но сега оваа позиција ја зазедоа Украинците.
Да потсетиме, Украина во петокот објави дека го освоила селото Андреевка, кое исто така се наоѓа во близина на Бахмут. Селото се наоѓа на истокот на земјата, во регион