“Дали овие млади деца воопшто имаат малку човечност во нив !?“ – Ужасни снимки од насилство помеѓу врснички се шири на социјалните мрежи: Ја палат со цигари, ја тепаат а таа ги моли: “Оставете ме!“ (видео)

Пред десетина дена во Германија беше убиена младо девојче по име Луиза (12 г.), а веќе денес земјата ја тресе ново страшно злосторство на врсничко насилство.

Имено, во градот Шлезвиг-Холштајн, група девојчиња на возраст меѓу 14 и 17 години наводно со часови мачеле 13-годишно девојче а исто така и ја снимале со нејзините телефони.

Десетина девојки истуриле сок врз главата на девојчето, ја треселе со пепел од цигари и и ја запалиле косата, а додека девојката се обидувала да стане, една од девојките почнала да и вика: „Седи и моли ме! Не станувај!“.

Овој случај привлече големо внимание во јавноста, особено затоа што, како и во случајот со убиената Луиза, мачената девојка ги познавала луѓето кои ја малтретирале.

Германските медиуми објавуваат дека ова не е прв пат девојката (13 г.) да трпи насилство бидејќи често имала проблеми со групата врсници кои ја малтретирале на споменатото видео.

Ве молиме имајте предвид дека видеото содржи вознемирувачка содржина, истото можете да го погледнете ОВДЕ!

На видеата се гледа како жртвата плаче и ги моли девојките да не ја удираат по носот и главата, но тие не престануваат и продолжуваат со насилството.

Германските медиуми пишуваат дека ова страшно злосторство се случило на крајот на февруари, но мајката на девојчето дури сега решила да зборува за се со цел да ја предупреди јавноста за се поголемиот проблем со насилството меѓу младите.

Полицијата ги идентификувала напаѓачите, а на девојката и била укажана докторска помош. Мајката на жртвата кажала дека мачењето било прекинато благодарение на храбрата интервенција на случајните минувачи, пишува RTL.

Минувач ја препознал опасноста во која е ќерка ми, и помогнал кога таа побара помош од него. Многу сме му благодарни“, изјавила мајката за споменатиот медиум.

Според обвинителката која го води случајот, како и во случајот со малата Луиза, сторителите на ова дело нема да бидат кривично гонети бидејќи се деца.

Девојката се здобила со тешки физички повреди. Насилниците во моментов ги згрижува Канцеларијата за млади. Се уште не е јасно како ќе се одвиваат работите“, изјавила таа.

Да потсетиме, цела Германија минатата недела ја потресе веста за убиството на 12-годишното девојче, кое го убиле нејзините две најдобри пријателки. Телото на девојчето Луиза (12 г.) било пронајдено во шума, со бројни убодни рани.

ГерманијанасилствоШлезвиг-Холштајн