Премиерот на Албанија, Еди Рама, преку објава на социјалните мрежи порача дека обновениот Берлински процес е само еден од многуте успеси на пријателите и сојузниците во Берлин.
„Обновениот Берлински процес е само еден од многуте успеси на нашите пријатели и сојузници во Берлин. Албанија ќе остане длабоко посветена на овој процес како главна платформа за соработка на високо ниво на Западен Балкан“, напиша Еди Рама на социјалната мрежа Х (Твитер).
Еди Рама му се заблагодарува на германскиот канцелар, Олаф Шолц, за неговото лидерство, по повод Конгресот на Социјалдемократската партија што се одржува во Берлин.
„По повод Конгресот на СДП во Берлин искрено му благодарам на канцеларот Олаф Шолц за неговото лидерство“, наведува тој.
Еди Рама заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и поранешниот македонски премиер Зоран Заев ја започнаа иницијативата „Отворен Балкан” за што од албанската опозиција беше жестоко критикуван, обвинувајќи го дека како „вазал на Александар Вучиќ” се откажува од Берлинскиот процес.