Дали подарокот треба да се отвори пред гостите или не?

Додека го добивате подарокот, првото нешто што го правите е да се заблагодарите. Можеби ова ви звучи чудно, но повеќето луѓе забораваат на бонтон во такви ситуации

Прифаќањето и отворањето на подарокот бара посебен талент.

Тоа го знаат и најнесмасните во оваа дисциплина, а во моментот кога ќе го добијат подарокот, рацете им се потат и низ главите им поминуваат низа прашања : Што да правам ако не ми се допаѓа? Како да се насмеете, но да не изгледате театрално? Зошто моето лице ме издава?

Додека го добивате подарокот, првото нешто што го правите е да кажете благодарам . Можеби ова ви звучи чудно, но повеќето луѓе забораваат на бонтон во такви ситуации.

Пред да почнете да ја вадите обвивката , прочитајте ја честитката и на тој начин дајте ѝ сигнали на другата страна дека грижата што ви ја дал е поважна од материјалната вредност на подарокот.

Доколку славите роденден или некој друг важен настан со поголемо друштво, дефинитивно отворете го подарокот пред нив, за да покажете почит кон подарувачот.

Само едно „благодарам“ не е доволно, дефинитивно треба да кажете нешто за подарокот, за да се чувствува подобро. Малку ентузијазам не е премногу, дури и ако сте виделе некои саксии наместо посакуваниот фустан.

Наместо збунетиот изглед, од кој може да се „прочита“: Од каде идејата да ми купите тенџере?, кажете нешто радосно , како на пример: „Ова ќе ме мотивира да откријам друга соба во куќата“.

Секогаш имајте на ум дека нечија посветеност треба да се почитува , а не подарок. Некој одвоил време да го најде она што мисли дека е вистинскиот подарок за вас, да го завитка, да ја напише посветата.

Затоа, потрудете се да му вратите со вистинската реакција за и вие и тој што ви го дал подарокот да не ги доведете во непријатни ситуации.