WhatsApp сепак би можел да вклучува реклами со своите статуси, слични на Instagram Stories, изјави шефот на компанијата Вил Каткарт во неодамнешното интервју.
Како што е соопштено од TechCrunch, се наведува дека рекламите на WhatsApp може да се прикажуваат на различни места во апликацијата, вклучувајќи канали и статуси, иако не е наведен временскиот период што ќе биде потребен за да се имплементира ова.
Новинар од еден бразилски весник го прашал Cathcart дали WhatsApp ќе продолжи да биде бесплатен и без реклами, на што добил одговор дека „WhatsApp нема да има реклами во инбокс или при размена на пораки“.
Сепак, Cathcart додаде дека каналите можат да им наплатат на луѓето за членство и дека сопствениците можат да промовираат нешто во рамките на каналот. Апликацијата за пораки во сопственост на Мета бара начини за вметнување реклами од 2018 година, кога Facebook сакаше да се обиде да става реклами на статуси, објави The Verge.
Пред неколку години се чинеше дека постои страв од вклучување на реклами и како корисниците ќе реагираат, па целата приказна беше одложена, но јасно е дека рекламите сè уште се во план.