Тест на личноста кој открива дали сте екстроверт или интроверт! Погледнете ја сликата и одговорете без размислување што прво забележавте – зебра или лав и дознајте нови работи за себе.
Екстровертите и интровертите се два модели на однесување дефинирани од Карл Густав Јунг, познатиот швајцарски психијатар. И со овој тест на личноста, можете да откриете нов дел од себе до кој не сте стигнале досега. Првото нешто што ќе го видите на сликата ќе ве доведе до нови сознанија за вашиот карактер.
Што е интроверт?
Интровертна личност укажува на личност која е свртена навнатре, повлечена личност која тешко е прва да разговара со луѓето, обично е срамежлива и незабележлива во општеството. Овие луѓе сакаат да поминуваат време сами, а имаат и многу тесен круг на пријатели и познаници. Тие можат да бидат склони кон мечтаење, соништа и илузии, често имаат перцепции кои се нереални за околината.
Што е екстровертна личност?
Екстровертната личност е отворена, лесно комуницира дури и со непознати луѓе, сака друштво и заеднички активности. Овој тип на личност сака бучава, динамика, ужива да биде во центарот на вниманието, организира собири и е отворен за нови познанства.
Како се прави тестот?
Ја гледате сликата и без размислување одговарате кое животно прво сте го забележале, а потоа ги читате решенијата.
ЛАВ
Ако прво сте забележале лав, вие сте интровертна личност која сака да поминува време сама и максимално ужива во таа осаменост. Најверојатно, вие сте личност која сака да поминува време со луѓе кои се исклучително блиски. Внимателно ги избирате пријателите и тие се луѓе кои се со вас со години и на кои можете да им верувате. Уживате да останете дома, да гледате филм, да читате книга, а најмногу ја избирате оваа форма на забава и релаксација наместо вечерните излегувања во гужви, со гласна музика и многу луѓе.
ЗЕБРА
Ако прво сте ја забележале зебрата, тогаш сте екстровертна личност која секогаш е отворена за нови луѓе и различни искуства. Уживате во друштво на луѓе и дружење, како и големи собири, врева и излегувања. Најверојатно сте личност која ужива да се забавува и да запознава нови луѓе. Исто така, имате тенденција да треба да бидете во центарот на вниманието, сакате да разговарате со луѓе кои штотуку ги запознавате. Вашето мото во животот е да ги прифаќате промените секој ден и апсолутно да ја разбиете монотонијата.