Меган Маркл и принцот Хари се повеќе се појавуваат одвоено на јавни настани, што доведе до зголемени шпекулации за нивниот брак и самата врска.
Неодамна, принцот Хари и Меган Маркл се почесто се појавуваат на настани одвоено, што не може а да не предизвика сомнеж за стабилноста на нивниот брак.
Меган неодамна одржа инспиративен говор на отворањето на книжарница во Монтесито, додека принцот Хари настапи сам на добротворниот концерт на Кевин Костнер во неговиот имот во Калифорнија додека Меган наводно била болна, пишува Експрес .
Хари присуствуваше и на вечера организирана од Светската здравствена организација во Њујорк, посветена на луѓето кои претрпеле насилство во детството, каде се сретна со белгиската кралица Матилда, а нивниот поздрав беше исклучително пријателски.
Принцот Хари се чувствува осамено во бракoт
Со оглед на неодамнешните настани, зачестија шпекулациите за брачни проблеми. Биографот на британското кралско семејство, Анџела Левин, укажува дека принцот често се чувствува осамено и маргинализирано во бракот, како и дека размислува за обновување на врските со членовите на семејството и пријателите, бидејќи се чувствува изолиран.
Левин понатаму нагласува дека однесувањето на Меган кон Хари дополнително го зајакнува неговото чувство на изолација. Снимките од нивната неодамнешна посета на Колумбија само ги потврдија овие сомнежи. Во повеќето видеа, принцот се појавува отсутен и незаинтересиран, додека Меган го презема водството, било за време на престојот во Колумбија или во секојдневните ситуации.
– Би можело да се каже дека принцот Хари не е ни „резерва“ за неговата сопруга. Нејзиното влијание изгледа речиси непостоечко. Меган се однесува со него со непочитување. Анализирајќи ги нивните настапи во Колумбија и Африка, јасно е дека Хари е турнат на страна – изјави Левин.