Додека исламистичките бунтовници го опкружуваат Дамаск, сè погласно се поставува прашањето – Каде е Башар ал Асад, сирискиот лидер?
Според The Wall Street Journal, цитирајќи сириски безбедносни и арапски претставници, сопругата на Асад Асма и нивните три деца наводно побегнале во Русија минатата недела. Сепак, самиот сириски диктатор наводно бил во својата палата во Дамаск во петокот, иако во близина одекнувале истрели!
Веќе со денови бунтовничките трупи забрзано се приближуваат кон главниот град од повеќе правци.
Во саботата попладне, противниците на Асад, собрани околу исламистичката алијанса „Хајат Тахрир ал-Шам“ (ХТС), објавија:
„Нашите сили ја започнаа последната фаза од опкружувањето на главниот град Дамаск.
Ако Асад и неговата сопруга, која боледува од рак, паднат во рацете на бунтовниците, ќе се соочат со брза смрт. Непријателите на Асад сакаат да се одмаздат за граѓанската војна која ги однесе животите на стотици илјади сириски граѓани од 2011 година.
Дали диктаторот ќе успее да побегне навреме доколку бунтовниците го заземат главниот град? И ако успее, каде би можел да избега? Дали ќе му се придружи на семејството во Русија?
Најатрактивна дестинација за бегство веројатно би било луксузното одморалиште Марбела на југот на Шпанија. Семејството на Асад поседува имот таму (вили, фирми) вреден стотици милиони евра! Особено неговиот вујко Рифат ал Асад (87), поранешен потпретседател на Сирија, кој ги пере парите на кланот во Шпанија.
Единствениот проблем е што Французите издадоа налог за апсење на Башар ал Асад за употреба на отровен гас против цивили. Таа наредба важи ширум ЕУ, што значи дека Коста дел Сол е забранета зона за диктаторот.