ДАЛИ РУСИЈА ГО УПОТРЕБИ НАЈСМРТОНОСНОТО ОРУЖЈЕ !? Најсуровото оружје во рускиот арсенал влева страв во коски: “Дали знаете што ќе се случи ако ги вдишете овие честички…?“ (фото/видео)

Новинарите на APF јавуваат дека вчера од руските позиции во Украина била истрелана муниција со бел фосфор.

Според новинарите кои известуваат од местото на настанот, два проектила со разлика од пет минути биле истрелани врз ненаселена област во близина на градот Часив Јар во источна Украина.

Очевидци слушнале звуци од проектили и виделе експлозија предизвикана од муницијата, која испуштила мали запалени топчиња бел фосфор. Топките ја запалија вегетацијата од двете страни на патот во простор со големина на фудбалско игралиште.

Според Женевската конвенција, оружјето што содржи бел фосфор не е дозволено да се користи против цивили, но може да се користи против воени цели.

Новинарите тврдат дека најблиските куќи се оддалечени околу 200 метри од опожарената област.

Новинарите не можеа да проценат дали целта била позиција на украинските воени сили, иако до запаленото место бил паркиран зелен камион со бел крст, симболот на украинската армија.

Украина веќе ја обвини Русија за употреба на оружје со бел фосфор, но Москва категорично го демантираше тоа.

Да потсетиме, нешто слично пред неколку дена видовме и на видео снимките од Вухледар кои беа споделени на социјалните мрежи. Украинскиот војник кој го снимил видеото бил убеден дека се работи за бел фосфор, но некои експерти сметаат дека всушност станува збор за термит.

Термитот, мешавина од метален прав и метален оксид, се користи за правење запаливи бомби. Гори на температури повисоки од 2400 °C, а ако дојде во контакт со човечко месо, може да го стопи до коска. Human Rights Watch го опиша оружјето како едно од „најсуровите“ во рускиот арсенал, велејќи дека предизвикува „непосредно и доживотно човечко страдање“.

Според Меѓународниот комитет на Црвениот крст, согорувањето на фосфорот создава пламен што гори на температури до 800 степени Целзиусови. Пожарот што го предизвикуваат може да се прошири на голема површина, до неколку стотици квадратни километри.

Употребата на ова оружје може да предизвика повреди опасни по живот, но и да доведе до долготрајна, мачна смрт за жртвите.

Оружјето што содржи бел фосфор може да изгори и да ги затвори дишните патишта.

Ако честичките од таквото оружје навлезат во телото, дури и ако некој добие помош, шансите за преживување се мали. Белите фосфорни честички горат се додека се во контакт со кислород.

војнаРусијаУкраина