Вчера невидена трагедија го снајде Загреб кога млад човек (19) во утринските часови влегол во училишните простории и со остар предмет ги нападнал наставникот и учениците.
Едно дете починало, додека тројца повредени ученици се упатени во здравствените установи.
Во оваа прилика се огласија и бројни јавни личности кои изразија жалење за трагедијата. Меѓу нив беше и хрватската пејачка Северина која откажа концерт во Копер, Словенија.
Сега, по смртта на момчето (7), Јелена Карлеуша повторно и’ испрати остра порака на Северина.
– Дали хрватскиот народ и студенти ќе излезат на улица поради трагедијата што се случи во Загреб? Дали фашистката Северина ќе го повика хрватскиот народ и студентите на улица против хрватската претседателка, поради трагедијата што се случи во Загреб – напиша Карлеуша на своето инстаграм стори.