Пекинг и Вашингтон преговараат за да го отворат патот за посетата на претседателот на Кина, Си Џинпинг на САД, објави денес весникот The Wall Street Journal (WSJ).
Пекинг и Вашингтон разговараат за патувањето во Вашингтон на главниот советник за економска политика на Си Џинпинг, кинескиот вицепремиер Хе Лифенг, соопшти WSJ, цитирајќи информирани извори.
Во тој случај, Хе Лифенг би бил највисокиот кинески функционер во официјална посета на САД за време на администрацијата на Џо Бајден.
WSJ посочува дека се водат преговори и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји да го посети Вашингтон во октомври за да се подготви средбата на Си Џинпинг со Џо Бајден.